За нас
По завршување на постдипломските студии по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Нина Трпковска својата професионална кариера ја започнува во реномирано адвокатско друштво во Скопје.
Во јануари 2020 година станува член на Адвокатската Комора на РМ, кога ја основа Адвокатска канцеларија Нина Трпковска.
Нина Трпковска е сертифициран тутор на Европската програма за едукација за човекови права за правни професионалци (ХЕЛП)на Советот на Европа, како и сертифициран предавач од страна на Адвокатската Комора на РСМ и Советот на Европа во областа на домашното насилство и правдата за деца.
Автор е на повеќе трудови од областа на заштитата на човековите права во домашниот и меѓународниот правен систем.
Дел е од групата на адвокати и претставници на меѓународни организации за стратешко застапување во постапки за азил и лица без државјанство – Strategic litigation group on asylum and statelessness issues.
Член е на невладината организација Македонско здружение на млади правници и на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија,
Во 2022 година е избрана за делегат на Собранието на Адвокатската Комора нa Република Северна Македонија, а потоа и за заменик-член на Жалбениот Совет на Адвокатската Комора на Република Северна Македонија.
